Банкарство 23.04.2018 20:23

НБРМ ги претстави новите полимерни банкноти од 10 и 50 денари

НБРМ ги претстави новите полимерни банкноти од 10 и 50 денари

Народната Банка на Република Македонија го претстави првичниот сликовен приказ на полимерните банкноти, кои на 15 мај годинава влегуваат во оптек, а се во апоенска вредност од 10 и 50 денари.

Основната разлика меѓу овие и книжните банкноти од истата апоенска вредност што се повлекуваат од оптек е материјалот што се користи како подлога за печатење ‒ хартијата
изработена од памучни влакна се заменува со специјална подлога.

Наместо водениот печат којшто го содржат книжните, полимерните банкноти ќе содржат транспарентен прозорец во кој се вградени препознатливи елементи од нивниот оригинален
дизајн. кај апоенот од 10 денари претставен е стилизиран цртеж на паун, додека кај апоенот од 50 денари има приказ на гравура на рановизантиска монета.