Информацијата за продажната цена на пченицата во висина од 9 до 10,5денари што вчера ја соoпштија од Министерството за земјоделство и шумарство денеска беше демантирана од Асоцијацијата на земјоделци, објави Сител.
Првиот човек на Асоциајцијата на земјоделците тврди дека по разговорите со производителите од житните региони, сите потврдиле дека откупната цена е многу помала од 10 и пол денари, колку што тврдат од министерството.
„Откупната цена се движи од 7 до 8 и пол денари, а производната цена ни е 10 денари“ .
И земјоделците и од Асоцијацијата стравуваат дека веселата математика на Министерството годинава ќе им ја лапне државната поддршка во висина од околу 2 денари, што треба да ја земат како надомест за разликата меѓу производната и откупната цена.