Актуелно 15.07.2018 15:31

Не се секира власта ниту за лубениците, ниту за бебињата, ниту за работниците од Колска и Еурокомпозит, најважно е тендерите во четири очи да врват

Не се секира власта ниту за лубениците, ниту за бебињата, ниту за работниците од Колска и Еурокомпозит, најважно е тендерите во четири очи да врват

Уште се чекаат оштетите од невремето од 2017 година, а оттогаш помина уште едно ново лето. Во исто време кога велат откупот на бостанот одел како што треба, демантот стига, бостан се дели без пари во Струмичко само да не заврши по реките. Од министерството велат фатаморгна било фрлањето на лубениците. Арно ама лани беше исто со праските овде во Кавадарци и во Росоман, а како тргнала годинава којзнае како ќе биде и со пченицата, оризот, или грозјето, иако се уште се паметат зборовите на премиерот дека нема да дозволел никаков проблем со откупот, ги потсети Мицкоски кавадарчани, кои допрва ќе ја изодуваат голготата на земјоделците, кога ќе дојде на ред откупот на грозјето.

Се сеќавате на двете фирми Еурокомпозит и Колска ете овие две компании беа меѓу првите ветувања на власта дека ќе се донеле трајни решенија и ќе проработеле. Поминаа 14 месеци, ниту решение има, а плати ако милостина од неколку стотици денари еднаш или два пати годишно.

Здравството стана министерство за смрт, рече Мицкоски и потсети дека власта се уште нема реформи и прокти во овој сектор.

-А се сеќавате колку само грлати беа и низ какви болни судбини кариери градеа. А сега кога умираат бебиња на ГАК поради недостиг на инкубатори, кога пациентите крварат по ходниците, а докторите немаат ниту завој да ги преврзат, зошто тој мора нели приватно да се купи, никаде ги нема. Затворени се во кабинетите под клима, залегнати во удобните фотељи и никаде ги нема. Ги нема затоа што приоритет им бепе како да се укине Советот за јавни набавки и да ги спроведуваат тендерите во 4 очи.

Најнови вести