Живот 08.01.2019 18:35

Неделен хороскоп: Овој хороскопски знак ќе има сопки на работното место, а еве што ги чека девиците во љубовта

Неделен хороскоп: Овој хороскопски знак ќе има сопки на работното место, а еве што ги чека девиците во љубовта

Овен – Поволно за љубов!

Почнувајќи од понеделник може да сметате на поволната Венера која ќе ви донесе вистинска љубовна радост во животот! Можни се нови средби, но и нови љубовни приказни – доволно е само да се ослободите од стравовите и да им се препуштите на страстите! Не врзувајте се за минатото, особено ако гледате дека старите врски веќе не се такви какви што биле…Викендот ќе биде супер среќен, зашто и Месечината ќе застане на ваша страна носејќи ви романтични моменти!

Бик – Убави вести

Биковите конечно ќе чујат супер вести! Во неделата која следува Венера конечно ќе ја смени положбата и нема веќе да биде во опозиција за вас. Сите кавги и недоразбирања со партнерот ќе бидат надминати, а врските ќе станат посилни. И на работното место ви пристигнуваат убави вести, благодарение на Меркур кој особено ќе биде дарежлив кон вас во петок и во сабота.

Близнаци – Венера во опозиција

Драги Близнаци, за вашиот знак има една убава и една лоша вест за претстојната недела. Да почнеме од убавата? Планетата Меркур, почнувајќи од сабота, нема веќе да биде во опозиција што значи дека работите на работното место ќе тргнат на подобро. Лошата вест пак, е што Венера ќе биде во опозиција и ќе ви донесе проблеми и недоразбирање на љубовно поле, особено на оние кои се во врска.

Рак – „Сопки“ на работа

За жал, драги Ракчиња, оваа недела планетата Меркур ќе влезе во опозиција со вашиот знак и ќе ги чувствувате одеднаш тешкотиите на работното место. Внимавајте да не избувнувате и да не влегувате во кавги, особено со претпоставените, зашто може да добиете и финансиска казна. Ако веќе имате за разрешување сериозен проблем на работа, почекајте ги деновите четврток и петок, кога Месечината ќе ве поддржи. На љубовно поле, ништо ново.

Лав – Не се нервирајте!

Неделата нема да ви започне баш како што сакате, а тоа се должи на Месечината која ќе биде во негативна положба за вас и ќе ви донесе бројни нервози и на љубовен и на деловен план. Но издржете до среда и не нервирајте се! Потоа, Венера ќе застане на ваша страна и одеднаш ќе почувствувате леснотија во сентименталниот живот. На работното место пак, за мрднување од „мртва“ точка, ќе мора да се воздржите уште извесен период. Главата горе!

Девица – Тензии со партнерот

Драги Девици, во претстојната недела, за жал, планетата на љубовта Венера ќе биде негативна за вашиот знак – меѓу вас и партнерот ќе се појават тензии, но и некој од вас ќе биде многу љубоморен! Од оваа гледна точка, најпроблематични денови ќе бидат четврток и петок, кога и Месечината ќе биде неповолна, па ќе се чувствувате многу нервозни и неразбрани. Подобро почекајте го крајот на неделата за да се соочите со проблемите и за дискусија со партнерот.

Вага – Среќа и во љубовта и на работното место

Супер вест за вас – во претстојната недела Венера ќе се врати на ваша страна! Оние кои се во пар ќе почувствуваат веселост во врската и подобрување на комуникациите, додека осамените може да сметаат на интересни нови средби. Внимавајте само на крајот на неделата – сабота и недела, кога нешто нема да биде онака како што сакате. Вторник и среда пак, ќе бидат суперповолни денови на работното место, кога може да очекувате многу убави вести.

Шкорпија – На повидок се добри вести

За жал, оваа недела планетата на љубовта Венера ќе го напушти вашиот знак, но вашите љубовни врски се веќе толку силни и стабилни што нема да го почувствувате напуштањето на Венера. На повидок се добри вести на работен фронт – почнувајќи од сабота, планетата Меркур ќе почне да ги фаворизира вашите деловни проекти и во следните недели може да очекувате многу важен предлог, или пак, нешто што долго го посакувате.

Стрелец – Ова е вашиот момент!

Подготвени сте да чуете како ви чука забрзано срцето од среќа? Доаѓа вашиот момент – оваа недела планетата Венера ќе влезе во вашиот знак носејќи ви цел период на голема среќа на сентиментално поле. И на работа треба да пристигнат убави вести – особено во деновите вторник и среда. Внимавајте само на малку стресните денови четврток и петок, кога треба да ги избегнувате деловните дискусии.

Јарец – Добредојде Меркур

Драги Јарци, прекрасни вести доаѓаат за вас – почнувајќи од сабота, планетата Меркур ќе влезе во вашиот знак! Ова значи дека следните недели ќе бидат од исклучителна важност за вашата работа – треба да пристигнат потврди, признанија, премии..Среќни денови во неделата се четврток и петок, на сите полиња. Малку умор ќе чувствувате само за време на викендот.

Водолија – Среќна недела

Конечно во претстојната недела ќе ви се врати насмевката кога срцето е во прашање. Последниот период не беше баш лесен за вас, но сега ќе ви се врати хармонијата во вашиот живот во пар, а ќе се врати и страста! Понеделник, вторник и среда ќе бидат три суперсреќни денови благодарение на Месечината во конјукција. Очекувајте важна средба или значајни прилики на работното место. Среќен е и викендот.

Риби – Љубовни проблеми

Драги Рипчиња, за жал оваа недела Венера нема веќе да биде добронамерна кон вас. Во вашиот сентиментален живот ќе се појават недоразбирања и тензии, а нема да биде лесно да го најдете излезот…За среќа, Месечината ќе притрча на помош и ќе ви подари два спојни дена – четврток и петок. На работно поле пак, ќе пристигнат убави вести благодарение на наклонетоста на Меркур, кој почнувајќи од сабота, ќе ве поддржува.