Владимир Нелоски, член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во денешното гостување во емисијата Отворено на ТВ Алфа истакна дека актуелната влада на СДСМ и Зоран Заев вршат масовно вработување на партиски вработувања во институциите, потенцирајќи ги вработувањата на синот на пратеничката на Мира Стојчевска, како и вработувањето на братот, ќерката и синот на пратеничката Милева Ѓорѓиева.
Според него ова што се случува во администрацијата е само уште еден показател зошто СДСМ треба да си замине час поскоро.
Нелоски нагласи дека за прв пат Република Македонија има премиер на владата кој однапред ги знае судските пресуди за кои што според него е чудно бидејќи во Уставот на Република Македонија јасно стои поделбата на извршната, судската и законодавната власт. Тој запраша во која европска земја го има ова, додавајќи дека ова е далеку од европските стандарди и вредности за кои треба да се стреми Република Македонија.
-Ние сега имаме ситуација во која премиерот на владата ни ги предвидува судските одлуки, каде во Европа има такво нешто, прашува Нелоски.