Актуелно 02.05.2018 10:31

Нелоски: Заев, Тевдовски и Анѓушев се луѓето кои ќе бидат запаметени дека го урнале рекордот во задолжување на државата

Нелоски: Заев, Тевдовски и Анѓушев се луѓето кои ќе бидат запаметени дека го урнале рекордот во задолжување на државата

Задолжувањето го проби плафонот. Психолошката граница е надмината. За прв пат во историјата на Македонија јавниот долг отиде преку 5 милијарди евра, а државниот долг преку 4 милијарди, истакна членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Нелоски на денешната прес-конференција.

Нелоски посочува дека економијата е пред катастрофа, а државата на раб на банкрот. Податоците што ги објави Министерството за финансии, се доказ за неспособноста на Драган Тевдовски, Зоран Заев и Кочо Анѓушев.

-Ова црно економско трио за само три месеци од 2018 година успеа да ја задолжи државата и граѓаните за дополнителни 300 милиони евра. За толку е пораснат и државниот и јавниот долг од крајот на 2017-та година до крајот на март 2018 година. Тоа е задолжување од над три милиони евра на ден. Три милиони евра дневно за покривање на расипништвото на криминалниот картел во владата. Клептоманите и измамниците во владата ветуваа независен фискален совет кој ќе го запрел непродуктивното трошење и задолжувањето. Замислете што ќе се случеше ако не го ветеа? Ќе ни влегуваа по дома и ќе не ограбуваа, истакнува тој.

Нелоски посочува дека една година по доаѓањето на СДСМ на власт, Македонија е пред економски амбис. Нови проекти нема. Повисоки пензии и плати нема. Акцизите се качени, а се планира покачување и на даноците.

-Упропастувањето на економијата продолжува. Државата тоне во долгови заради економската цунами политика на владата на Заев. Заев, Тевдовски и Анѓушев се луѓето кои ќе бидат запаметени дека го урнале рекордот во задолжување. Заклучно со последните информации кои ги објавува министерството за финансии за првото тромесечие во 2018 година, и покрај фризирањата преку вештачки напумпаните проценки на БДП, јавниот долг изнесува над 5 милијарди и 84 милиони евра. Државниот долг исто така ја надмина психолошката граница од 4 милијарди евра и сега тој изнесува над 4 милијарди и 270 милиони евра. Се утепаа од лажење ама катастрофата која ја направија во економијата не се покрива. Се пропаѓа. Државата галопирачки се задолжува, корупцијата ги јаде институциите, ама затоа фамилијарните бизниси на Заеви и Анѓушев добро се офајдија. Тие како канцер метастазираат во целата економија. Нема 500 евра плата, ни 100.000 за докторите, ниту поврат на ДДВ, како што нема ни 600 километри нови автопати, ама затоа имаме рушење на сите граници кога се работи за задолжувањето, енормно богатење на фирмите на Заеви и Анѓушев, матни зделки со РЕК Битола и лични бизниси на грбот на граѓаните, нагласува членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Нелоски додава дека граѓаните и државата се задолжуваат дури личните бизниси им цветаат. Оваа неспособна и неодговорна власт мора да замине.