Актуелно 20.07.2018 11:26

Советничка на Заев стопирала наплата на долг кон приватна фирма: Сопствениците продолжуваат со протестот пред Влада

Советничка на Заев стопирала наплата на долг кон приватна фирма: Сопствениците продолжуваат со протестот пред Влада

Сопствениците на кумановската фирма „Кридеа“ една недела штрајкуваат пред Владата поради неплатен долг , кој бил стопиран од советничка на премиерот Зоран Заев. Тие испорачувале услуги за државната фирма „Економија Идризово“, а таа не им плаќала. Соработка почнала пред две децении и тие за да  продолжат со соработката ги ставиле под хипотека куќите во кои живеат, но „Економија“ во 2008 престанала да плаќа за услугите и за кусо време наталожила долг од близу 160 000 евра. Речиси десет години „Кридеа“ се обидува да си го наплати долгот, а последниот обид за наплата на долгот го спречиле вработени во Кабинетот на премиерот Зоран Заев, тврди Татјана Арсиќ од фирмата „Кридеа“, за „Макфакс“.

„Република“ претходно побара одговор од лицата кои со шатори протестираат пред Влада, но бевме одбиени под изговор дека веќе имале договорено медиум за изјава.

-Кога на 13 април отидов во Катастар за недвижнини ми кажаа дека се јавила советничка од Кабинетот на премиерот, Тања Чачарова-Илиевска и наредила да се изврши упис на РМ, под изговор дека основа за запишување име на РМ е тековната состојба каде што стои дека основач на ‘Економија’ е РМ. Првпат кај неа бевме на 19 април 2018 година. Чачарова ми испрати службено писмо и рече дека не смееме да извршуваме затоа што во овој момент сопственик е РМ“, вели доверителот Татјана Арсиќ.