Економија 09.01.2019 23:50

Невработеноста во еврозоната 7,9 отсто, најмала во изминатите 10 години

Невработеноста во еврозоната 7,9 отсто, најмала во изминатите 10 години

Стапката на невработеност во еврозоната во ноември минатата година е намалена на 7,9 отсто, што е најниска во изминатите 10 години, иако постои загриженост дека поради економските перспективи, нема да паѓа многу пониско од тоа. Статистичката служба на ЕУ соопшти дека бројот на невработени паднал за 90 илјади, со што и стапката на невработеност се намалила за 0,1 отсто од октомвриските 8 отсто. Претходните денови се појавија повеќе показатели дека економијата во еврозоната ја изгубила динамиката на крајот на 2018 година, особено во Германија.