-Кога опозицијата бараше да се формира СЈО, велеше дека нема доверба во обвинителството, а што направи Заев сега постави послушник кој нема отворено ниту еден предмет за актуелни функционери. За ниту една индиција која излегува во јавност не собере храброст да поведе случај, посочи Николоски.
Според Николоски оваа влада е далеку полоша од претходната. ВМРО-ДПМНЕ имаше свои грешки укажа Николоски, посочувајќи дека затоа е сега во опозиција. Сега според него треба да се разговара за владеењето на СДСМ и катастрофално лошите политики кои ги спроведува оваа влада.
-Дали сега истражува некој што прават фирмите поврзани со Заев и неговата фамилија, укажувајќи дека сега во јавноста никој не прашува што се прави, вели Николоски.