Нека им е со среќа. Со нас соработка нема да имаат сигурно. Еднаш кога ќе се затвори вратата не се отвора, особено за ваква работа, одговори потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во денешното гостување во емисијата во емисијата „Јади бурек“ на ТВ Сонце, на прашањето дали ВМРО-ДПМНЕ ќе соработува со новата пратеничка група.
Според него многу е нечесно да се користи името на партијата, нарекувајќи се независна пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за Подобра Македонија, додавајќи дека ќе ги искористат сите правни механизми за заштита на името на ВМРО-ДПМНЕ.