Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски ги демантираше оркестрираните дезинформации во провладините медиуми, дека сестринските партии се разочарани од ВМРО-ДПМНЕ.
-Ваквите наслови кои немаат никаква врска со содржината на веста, нити покажуваат едно професионално ниво, зборуваат многу за тој којшто ги напишал, а не за тој на кој се однесуваат. ВМРО ДПМНЕ останува посветено на соработка со нашите пријатели од ЕНП ( EPP), а лажните вести неможат да ја победат вистината, пишува Николоски.
Инаку, Николоски, во вторникот се обрати конференцијата на ЕПП насловена „ЕУ – Западен Балкан како заедно да ја изградиме нашата заедничка иднина?“, каде посочи дека соработката помеѓу Западен Балкан и ЕУ е клучна за стабилноста на регионот, а само јасен пат кон членството во ЕУ на сите земји во регионот е клучот за успех.
Тој меѓудругото, подвлече и дека прифаќањето на промената на Уставот беше црвената линија што ниту една друга Влада во Македонија не ја помина, а тоа е една од главните причини зошто луѓето не го прифаќаат Договорот.
Целиот говор на Николоски погледнете го во продолжение.