Актуелно 26.09.2018 21:53

Николоски го потсети Димитров на минатите негови изјави во врска со спорот за името

Николоски го потсети Димитров на минатите негови изјави во врска со спорот за името

Во емисијата „Топ Тема“ на Телма телевизија гостуваат министерот за надворешни работи Никола Димитров и потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

Николоски се повика на изјавите на Димитров од минатото, во врска со спорот за името.

„Уставното име на нашата држава е последниот столб на нашата држава“ – цитат од 2006 година што рекол Димиров.

„Македонската страна избегнува да го користи терминот спор затоа што не се работи за спор туку за еднострано барање на Грција упатено до Македонија да го промени уставното име, што е преседан во сегашната теорија и практика во меѓународно право“– цитираше Николоски став на Никола Димитров искажана во 2018 година.

-Оваа 2018 година Вие лично сите нас не убедувавте на почетокот на преговорите дека уставното име нема да се менува, тоа е јануари, февруари, март оваа година. Постојат десетици изјави каде што и Вие и премиерот Заев кажувавте дека уставното име нема да се менува, потенцираше Николоски.

Потсети Николоски дека се до мај месец оваа година официјална позиција и на владата и на премиерот и на министерот беше дека нема да се смени Уставот.

-Наеднаш во мај месец дојдоа со Илинденска Македонија и кажаа дека Уставот се менува само заради Илинденска Македонија. И дека ако овој процес пропадне се враќа на двојната формула. На крај, што се случи, пропадна Илинденска Македонија како предлог, Грците излегоа после лидерската средба и ви се заблогодарија што прв пат во Македонија има Влада и премиер што се спремни да си го сменат Уставот, и после неколку недели дојде Северна, потенцираше Николоски.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ потенцира: За жал ние имаме најлош договор во историјата на спорот со Грција.