Не очекував ниту еден од овие пратеници дека ќе одат спротивно на волјата на граѓаните затоа што граѓаните врз основа на програмата на ВМРО-ДПМНЕ ги гласале. Но за жал тоа се случи и тоа ќе им тежи цел живот, тој срам и тој товар ќе си го носат, појасни Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Николоски на емисијата „Отворено“.
Николоски посочи дека сите 8 пратеници го изненадиле затоа што се работи за пратеници кои беа избрани од листата на ВМРО-ДПМНЕ на програма која што ВМРО-ДПМНЕ ја понуди во минатите избори. Во која што програма јасно пишува дека ВМРО-ДПМНЕ нема да се согласи со промена на името на државата и нема да се согласи решенија и договори кои што ќе го нарушат македонскиот национален идентитет, што за жал го имаме договорот.
Во договорот во член 7 практично стануваме вештачка нација и говориме вештачки јазик на начин на кој што се дефинирани македонскиот народ и македонскиот јазик, за жал во тој член, објасни Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Николоски.