Актуелно 09.05.2018 12:20

Николоски: Од кога дојде СДСМ на власт имаме целосно замрзнување на економската активност

Николоски: Од кога дојде СДСМ на власт имаме целосно замрзнување на економската активност

Во интервју дадено за порталот Курир потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ Александар Николоски даде свое мислење за економската состојба во Македонија од кога СДСМ дојде на власт.

Николоски истакна дела состојбата е алармантна и дека 2017 година е прва година во која Македонија немаше раст на економијата односно растот на БДП како што потенцира тој изнесуваше 0 %.

Тој додаде дека и почетните месеци од оваа година се исто така лоши во економска смисла и тоа во делот на реализација на буџетот во делот на потрошувачката и исто така во делот на градежните активности кои што најчесто ја движат економијата во земјава.

Николовски зборуваше дека она што го ветуваше СДСМ пред изборите  пред да дојде на власт а тоа е пораст на платите не се исполни и дека според официјалните податоци платите во февруари се намалени за 3, 6 %.  Генералниот впечаток на Николовски за економијата е дека како што вели тој оваа влада направи значително уназадување на економијата во една неполна година.

Николоски истакна дека најголемите грешки во делот на економијата на оваа влада се структурни и човечки односно во поглед на кадар.

Тој смета дека во мала земја како што е Македонија треба да се поттикнува потрошувачката и реализацијата на буџетот и дека треба да се постават силнии фигури на личности  на главните институции во земјата кој што ќе имаат капацитет да го движат стопанството и истакна дека такви во владата на Зоран Заев отсуствуваат.

Николовски потенцирање  дека кадарот кој е биран на раководните места во Македонија моментално  се постанувани од една крајност во друга а тоа е или се бизнисмени кои се дојдени заради подобрување на сопствениот бизнис или луѓе кои немале никаков допир со реално и конкретно работење во економскиот сектор и тоа негативно се одразува врз економијата и ефективноста на резултатот кој треба да го покажат и кој го ветија.

Понатаму, во интервјуто Николоски додаде дека нема конкретни и долгорочни решенија кои би ја движеле економијата туку дека се измислуваат ад хог решенија како што е законот за покачување  на акцизата на дизел горивата.

Тој даде свое видување на овој закон и кажа дека овој закон имаше контрадикторно влијание од она што се сакаше да се постигне бидејќи при зголемување на цената не некое добро автоматски паѓа потрошувачката на тоа добро во случај дизелот и се добива многу помал приход од планираниот.

Николовски даде анализа и податоци кои се официјални и кажа дека како резултат на оваа мерка покачување на акцизата  реалниот индекс на трговија на мало се намалил за 12,8 % споредено со лани кога не беше воведена оваа мерка.

Потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ Александар Николоски во своето генерално анализирање истакна дека резултатите на владата се негативни и дека тоа го покажуваат сите податоци и  релевантни информации.