Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, за Алфа телевизија, за професорката Силјановска Давкова вели дека е можеби најдоброто решение кое што како држава можеме да го понудиме.
-Се работи за стабилна личност, позната и призната во својата професија, еден од најдобрите професори во Република Македонија, личност со јасна исцртана морална вертикала.
Николоски вели дека она што е најбитно е дека професорката Силјановска има јасен став по однос на штетната територијална организација која што и се случи на Македонија во 2004-тата, по однос на двојазичноста и по однос на промената на името.
-Не е политички полтрон и привезок на власта, секогаш кога требало да критикува, критикувала, секогаш кога требало да подржи, подржала, вели Николоски.
За разлика од други, тој вели нејзините критики кои биле насочени кон ВМРО-ДПМНЕ се нејзина предност, затоа што кога се прават грешки треба да се посочува на истите.
Тој вели дека додадена вредност е и фактот што за прв пат Македонија има шанса да бира жена претседател и истакна дека жените има што да покажат во политиката.