Актуелно 01.08.2018 16:50

Николоски: Востанието беше и против грчкиот терор

Николоски: Востанието беше и против грчкиот терор

 

За да се разберат работите денес мора да се вратиме назад и да погледнеме во историјата,која има многу одговори за иднината. Тоа го правата сите сериозни држави,  пишува Александар Николоски во својата колумна за „Независен“.

– Кај нас двоецот Заев-Димитров зборува дека историјата не е битна и дека треба да се гледа напред. Тоа е апсолутно погрешна теза,зашто ако не се знаат опасностите од минатото тие ќе се повампират во иднината во многу полоша форма. Всушност не е случајно што Грција инсистирала на такви одредби во тн Преспански договор. Имено ограничувањето на Македонците и македонскиот јазик само на територија на денешна Република Македонија, бришењето на грижата за малцинствата, како и  прифаќањето да се променат сите учебници и научни книги со цел да се отстрани некаков си иридентизам јасно зборува дека грците сериозно си ја проучиле својата историја и добро ја знаат. Затоа на овој Илинден треба да сме свесни дека имаме огромна опасност не само од следната година државата веќе да не се вика Република Македонија, туку и  да не смееме да ја кажеме вистината, а таа е многу едноставна и јасна- Илинденското Востание беше за формирање засебна македонска држава во своите едно-географски граници  на територија која се протега покрај во денешна Република Македонија и во деловите од Македонија кои се денес под Грција и Бугарија,при што најголем дел повеќе од пола е под Грција. Треба да знаат читателите дека нешто по формирањето на Грчката држава се појавува тн мегали идеја која има јасна цел да освои не грчка територија на север од тогашна Грција која треба да обезбеди храна за остатокот од државата и секако за тоа најпогодни се Пелагонија и Солунските полиња. Таа политика има сериозна организација која оди на две испреплетени нивоа- црковно преку Грчката црква и нивниот најистурен претставник владиката Германос Каравенгелис кој во 1900 година (три годни пред востанието) доаѓа во Костур и воено преку регрутација на војска која доаѓа од Грција, но и од локалното население кое е потплатено да служи на грчките интереси, пишува Николоски.

Тој потсетува дека од таа 1900 година почнува сериозен терор врз македонското население во денешна Егејска Македонија.

-Затоа мора да се потенцира фактот дека Илинденското востание колку што било против Отоманската империја многу повеќе било против грчкиот терор. Н е случајно востанието било најмасовно во Егејска Македонија и траело од 2ри Август до крајот на Октомври. Во истото била организирана локална власт по примерот на Крушевската Република, истата траела многу подолго од Крушевската Република. Целиот народ бил на нозе, четите   броеле преку 500- 600 луѓе секоја, се држеле слободни неколку градови и сите села во Костурско, Леринско, Воденско. Најактивен во сузбивањето на Востанието е токму Владиката Каравангелис кој преку свои луѓе организира да му се отсече главата на Лазар поп Трајков еден од апостолите на востанието во овој дел од Македонија.  Во октовмри 1903 кога било јасно дека востанието ќе биде задушено војводата Васил Чакаларов ги собира востаниците на планината Вичо, истата планина на која четириесетина години подоцна синовите и внуците на востаниците ќе се борат за човечки правдини во рамки на граѓанската војна во Грција и за жал никогаш нема да ги добијат туку ќе бидат протерана и иселени од своите огништа. Таму на Вичо Чакаларов им вели : “Сега е се завршено, сепак докажавме чија е Македонија и дали ние Македонците заслужуваме слобода, за која умиравме, умираме и ќе умираме. Одете си по своите домови,ве распуштам, горе главите!“. Сето ова погоре напишано е значајно затоа што Грчката држава многу добро го знае. Да сме на чисто јас не мислам дека треба да живееме во минатото напротив мора да гледаме во иднината, но доколку Грчката држава е искрена дека сака да градиме добри односи мора да го почитува она што е наше за да го почитуваме она што е нивно. Тоа е основната причина зошто тн Договор од Преспа е штетен и мора на овој наш најголем празник да и се погледне на вистината во очи, да се знае дека е неодржлив и час поскоро треба да биде отфрлен, пишува Николоски.

Целата негова колумна прочитајте ја на „Независен“.