Актуелно 06.03.2019 23:55

Николоски: Втора година по ред со променето име Македонија за жал нема да добие датум за ЕУ

Николоски: Втора година по ред со променето име Македонија за жал нема да добие датум за ЕУ

Втора година по ред со променето има и немајќи ја Грција зад нас, или по Договорот од Преспа, Македонија за жал нема да добие датум за почеток на преговори поради неспособноста на владата, рече Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ гостувајќи на телевизија 24. Тој додаде „јас сум несреќен зошто после изборите за Европскиот парламент ќе пораснат радикалните структури како лево, така и десно ориентирани кои се многу поскептични за проширувањето“.

Според него, ако го испуштиме овој воз во јуни тешко ќе фатиме  друг.

-Минатата година во април кажав дека има договор меѓу министерот за надворешни на Албанија и вицепремиерот за европски прашања на Македонија, Македонија да успори со реформите со цел ниското ниво на реформи на Албанија да не изгледа така лошо и двете да бидат во ист пакет   и двете да не добијат датум, зошто Македонија ако ги исполнеше условите ќе одеше далеку напред и тогаш ЕУ ќе требаше да ги раздвои. Македонија имаше План 3-6-9 кој не се реализираше зошто беше политички интерес да не се реализира, рече Николоски