Мери Николова, една од најгласните активистки на СДСМ и т.н. „шарена револуција“ која се бореше за поголеми права на затворениците, како и за законот за амнестија со кој беа ослободени речиси 1.000 сторители на кривични дела од затворите низ земјата, на својот Фејсбук профил жестоко распали по генералниот секретар на СДСМ Александар Кирацовски.
Ти си најголемото промашување како секретар, ја уништи партијата. Кирац објасни и на јавноста зошто чесни млади интелектуалци не се вработуваат и како ти од Могила си ја вработи љубовницата во Катастар?, напиша Николова на својот Фејсбук профил.