Износот на судски спорови против НЛБ Банка е приближно 770.776.000 денари или околу 12,5 милиони евра, покажува годишниот извештај на банката објавен
преку Македонската берза.
„Судските спорови се честа појава во банкарската индустрија, што се должи на природата на бизнисот. Раководството на банката очекува позитивен исход, без материјално значајни загуби по овие спорови, и од тие причини банката утврди резервации за судски спорови, за шест судски предмети во износ од 11.419.000 денари заклучно со 31.12.2017 година“, пишува во извештајот.