ЕУ и Нов Зеланд започнаа нови преговори за поопширен и поамбициозен договор за трговија, соопшти Европската комисија.
„Преговорите имаат цел да ги поместат границите за размена на стоки и услуги, како и да развијат нови правила кои ќе ја олеснат размената и ќе ја направат поодржливи,“ соопшти Комисијата.
На средбата присуствуваа Комесарката за трговија, Сесилија Малмстром и Министерот за трговија на Нов Зеланд, Давид Паркер.
„Денес бележиме важна пресвртница во односите ЕУ-Нов Зеланд. Заедно можеме да склучиме договор од кој и двете страни, како и граѓаните, ќе имаат придобивка,“ изјави Малмстром во соопштението.
Таа додаде дека договорот е одлична можност да се постават построги правила според кои ќе се формира глобализацијата и ќе ја олеснува трговијата.
Во соопштението се вели дека првите формални средби за преговори помеѓу гореспоменатите страни ќе се одржат во Брисел од 16 – 20 јули.
Според Комисијата, ЕУ е третиот најголем партнер за трговија на Нов Зеланд, а со договорот трговијата ќе се зголеми за најмалку 50 отсто.