Актуелно 21.06.2018 14:17

Нов патент ги открива плановите на Huawei за паметен телефон со екран без рамка

Нов патент ги открива плановите на Huawei за паметен телефон со екран без рамка

Huawei патентирале нов метод, кој опишува сосема поинаков дизајн во конструирањето на рамките околу екранот. Иновативната технологија на компанијата ќе придонесе за нивната речиси целосна елиминација и постигнување на импресивна корелација помеѓу телото и екранот. Со цел да се постигне овој ефект, Huawei измисли иновативна техника за промена на распоредот на секоја од компонентите вградени во рамката за паметни телефони. Ова се постигнува без потреба да се додаваат специјални рамки за да се разграничуваат едни од други.

Самата рамка е изградена од три составни делови, откако главното тело ја задржува сегашната структура, а краевите лево и десно се одделени со минијатурни метални рабови. Според податоците овие облини се направени откако сите други хардверски компоненти се наоѓаат на своите места и се залепени за самиот корпус. Huawei го дефинираат концептот за овој нов дизајн како „степенеста структура“, која може да им дозволи да стигнат до најдобрите соодноси меѓу екранот и рамката во глобалниот пазар на смартфони, информира „AndroidHeadlines“.

Крајниот резултат е дека самиот дисплеј останува под горенаведената „степенеста структура“, при што се постигнуваат оптимални тенки рамки околу екранот. Друга предност на овој патент е дека и покрај уникатниот изглед и акцент врз димензиите, би дозволил на дисплеите да обезбедат ефикасна заштита против прашина, вода, гребнатини и други надворешни влијанија. Huawei ќе го користат овој дизајн прво во премиум смартфоните со Android и дури потоа ќе прибегнат до него и во уредите од средниот и нискиот ценовен сегмент.