Финансии 29.01.2019 13:18

САД и Кина војуваат преку “Huawei”: Компанијата е параван за кинеска шпионажа?

САД и Кина војуваат преку “Huawei”: Компанијата е параван за кинеска шпионажа?

Кинеската влада денеска го повика Вашингтон да запрат со неразумните напади против кинеската технолошка компанија “Huawei”, против која САД во понеделникот поднесоа тужба за кражба на технологија и кршење на санкциите против Иран.

Кина “одлучно ќе ги брани” своите компании, соопшти Министерството за надворешни работи во соопштението, но не прецизираше какви мерки би можело да преземе Пекинг како одговор на обвинувањата против водечкиот светски бренд за технологија и најголемиот производител на мрежна опрема кој користат телефонските и интернет компании.

Huawei Technologies негираше дека извршил некое од делата наведени во тужбата, објави АП, додавајќи дека ова е најсериозното интензивирање на притисоците врз кинеската компанија која се бори веќе една деценија против американското обвинение дека таа е параван на кинеско шпионирање и ризик за националната безбедност.

Кинеското министерството изрази жалење поради фактот дека Вашингтон покрена државна сила за да направи штета на кинеската компанија, во обид да го угуши праведното и фер работење поради политички причини.

– Апелираме САД да престанат со ирационалните напади врз кинески компании, вклучувајќи ја и Huawei – наведува министерството во соопштението, додавајќи дека Пекинг ќе ги брани легитимните права и интереси на кинеските компании.

Според тужбата од понеделникот, Huawei се обвинети за обид за кражба на роботска и друга технологија од лабораторијата на T-Mobile, кој се користи за тестирање на паметни телефони.

Huawei, исто така, е обвинет дека користел “фантомска компанија” во Хонг Конг, SkyCom, за да тргува со Иран кршејки ги американските трговски санкции. Вашингтон тврди дека главниот финансиски директор Менг Вангжоу ги мамел банките во врска со тие трансакции.

Менг, која е ќерка на основачот на Huawei, беше уапсена на 1 декември во Ванкувер врз основа на обвиненијата на САД во врска со Иран, која предизвика политичка бура меѓу Кина и Канада, потсетува АП.