Компании,Финансии 20.12.2018 01:38

Huawei ќе инвестира 2 милијарди долари во сајбер безбедноста

Huawei ќе инвестира 2 милијарди долари во сајбер безбедноста

Кинеската компанија „Huawei Technologies“ најави дека ќе инвестира 2 милијарди долари во текот на следните пет години, за да се фокусира на сајбер безбедноста, така што ќе вработи повеќе луѓе и ќе ги подобри своите лаборатории. Сето ова се случува поради стравувањата од целиот свет за ризиците поврзани со нејзината мрежна опрема, објави „Ројтерс“.

Вообичаено потајно кинескиот технолошки гигант ги направи коментарите за време на прес-конференција, откако пречека десетици меѓународни новинари во својот нов кампус во еден од јужните кинески градови.

„Huawei“ се најде во медиумите во последниве недели со апсењето на нејзиниот главен финансиски директор Менг Ванџоу, ќерката на милијардерот основач на компанијата. Таа беше уапсена во Канада на барање на САД.

Тоа ги засили стравувањата дека кинеската компанија која беше одвоена од американскиот пазар пред тоа, сега ја има истата судбина во Австралија и Нов Зеланд, каде што и беше одбиено да ги изгради новите 5G мрежи поради стравувањата дека нејзината опрема може да служи за кинеска шпионажа.

„Исклучувањето на конкурентите од полето за играње, не те прави подобро. Ние веруваме дека сите безбедносни грижи и обвинувања против „Huawei“ треба да бидат базирани на фактички докази“, вели ротирачкиот претседател Кун Ху. „Без фактички докази, ние не ги прифаќаме и не се спротивставуваме на овие обвинувања“.

„Huawei“ постојано контактира со владите ширум светот во врска со независноста на нивните операции, додава тој. Ху истакнува дека Јапонија и Франција официјално не ја забраниле нејзината телекомуникациска опрема. Неодамнешните извештаи во медиумите покажуваат дека владите преземаат акција по ова прашање.

Извори коментираа за „Ројтерс“ дека Јапонија планира да ја забрани владината набавка на опрема на „Huawei“. Други медиуми посочија дека трите топ операторот во земјата не планираат да ја користат сегашната опрема и идната таква за 5G од „Huawei“, а Франција размислува да ги додаде производи во својата листа за „претпазливост“, кои се насочени кон „Huawei“.

Од своја страна, кинескиот гигант постојано вели дека Пекинг нема влијание врз него.