Актуелно 18.08.2018 10:20

Нов скандал во здравството: Најквалификуваната акушерка отпаѓа, а работа добива последната на листата

Нов скандал во здравството: Најквалификуваната акушерка отпаѓа, а работа добива последната на листата

Во последниот период се поактуелни се вработувањата во јавните здравствени установи, како и покачувањето на платите. Меѓу другото, надлежните наведуваат дека целта е медицинските кадри да се задржат во здравствените установи во земјава, односно да не заминуваат од Македонија.

Но, што се случува во реалноста. На оглас за вработување на акушерки во болницата во Кичево се констатира злоупотреба ако се погледне листата на кандидати, како и одлуката за вработување.

Имено листата на која се рангирани кандидатите, а не била објавена, односно ставена на увид, прво рангираната кандидатка не е примена,  а последната е примена, иако има многу помалку бодови од првата на листата.

Првата има 88 бодови, а последната 37,83 бодови. Како што информираат упатени во постапката за избор на лица кои би биле примени, со кандидатите воопшто не е направено интервју, или единствен критериум е успехот.

 

Истите извори велат дека последната кандидатка не е со соодветно образование, се претпоставува дека и останатите примени не се со соодветна квалификација за огласеното работно место, акушер.