На објавениот оглас, АД Електрани на Македонија – Скопје со доставена една понуда, склучил договор за јавна набавка на услуга од сервисирање на енергетски трансформатор за ПЕ Термоелектрани, РЕК Битола број 09т-4808/1 од 19.09.2018 година со економскиот оператор Друштво со ограничена одговорност Раде Кончар-Сервис и поправки на електрични производи Скопје на износ од 15.340.000,00 денари со пресметан ДДВ:
Пртеходно, економскиот оператор Раде Кончар на ден 29.01.2018 година изготвил записник за извршена дефектажа со листа на спецификација за тоа кои активности треба да се преземат односно кои делови да се набават за да се изврши поправка на трансформаторот:
Овој записник бил дел, односно пресликан во техничката понуда со листа на позиции на објавениот оглас од АД Електрани вз основа на којшто подоцна бил склучен и договорот:
Ова е класично прекршување на членот 43 од ЗЈН во којшто децидно е наведено дека лица кои учествуваат во изработка на тендерската документација, во случајот техничките спецификации како составен дел од тендерската документација, НЕ СМЕАТ да бидат понудувачи во постапката.
Оттука се наметнуваат прашањата дали со објавениот оглас и склучениот договор е фаворизиран еден економски оператор, односно носителот на набавката и дали АД Електрани му овозможил незаконска предност пред другите економски оператори со тоа што тој уште пред да биде објавен огласот веќе ги знаел активностите што треба да се преземат и деловите што треба да ги набави за да изврши поправка на трансформторот?
Дополнително, краткиот рок од само 90 работи дена што го дефинирал АД Електрани во тендерската документација за поправка на трансформаторот, во голема мера влијаел на ограничувањето на конкуренцијата меѓу економските оператори.