Богатите луѓе ширум светот се оптимисти за нивниот животен век. Истражувањето на „UBS Wealth Management“ меѓу 5.000 богати инвеститори, а секој од нив поседуваат по барем 1 милион долари, покажува дека 53% од нив се уверени дека ќе доживеат до 100 годишна возраст.
Тоа е прилично повеќе (25%) во однос на просечниот животен век од околу 80-тина години за развиените земји во светот, информира „Guardian“.
„Идејата за живот од еден век пред тоа се сметаше за научна фантастика, но не и денес„, пишува во извештајот насловен „Клубот на стогодишници“. Богатите не ја сметаат можноста да живеат до 100 години за можност, тие навистина го сметаат за остварливо.
Највисок процент на доверба дека ќе доживеат до 100-тата година имаат милионерите од Германија (76%), по нив се оние од Швајцарија (68%), а најнизок процент имаат милионерите во САД и Велика Британија, односно 30 и 32 отсто.
Повеќе од половина од испитаниците сепак се загрижени од зголемувањето на трошоците за здравствена заштита, а процентот е највисок во САД, Сингапур, Тајван и Швајцарија, додека најнизок е во Германија.
Вкупно 77 отсто од милионерите планираат да работат додека здравјето им го дозволува тоа. Тука први во рангирањето се богатите луѓе од Хонг Конг (93%), потоа Швајцарија и Тајван со 87 и 86%.
Очекуваниот животен век во светот продолжува да расте, со најновите податоци кои достигнуваат 71,4 години. Лидер според овој индикатор е Јапонија со 83,7 години.