Мозаик 22.10.2018 23:48

Новата играчка на милионерите се вика Unico

Новата играчка на милионерите се вика Unico

Во летото оваа година компанијата „Lamborghini“ организираше специјален настан на кој го покажа првиот хибриден модел во својата историја. 200 луѓе кои присуствуваа беа замолени да не откриваат информации за автомобилот.

Сепак некои од гостите не издржаа и открија дека суперавтомобилот на компанијата ја има ознака „LB48H“. Подоцна на интернет се појавија и фотографии од возилото, а сега стана јасно и под кое име тоа ќе се појави на пазарот. Според „TheSuprcarBlog“, автомобилот ќе се вика „Unico“.

Се претпоставува дека „Lamborghini Unico“ ќе го повторува стилот на концептниот модел „Terza Millenio“ (на сликата), претставен од Италијанците во ноември минатата година. Ова сепак се однесува само за дизајнот, бидејќи прототипот беше со електричен погон, додека серискиот модел ќе добие хибриден агрегат.

Очекувањата се главна улога во погонскиот систем да игра 6,5-литарски атмосферски V12 со моќност од 800 КС, на кој ќе помага мал електромотор. Така, единицата ќе се развие околу 850 КС.

Производдството на „Unico“ ќе стартува кон крајот на годината, а од суперхибридот ќе бидат составени 63 примероци. Секој од нив ќе чини 2,5 милиони евра.