Економија 09.07.2018 12:56

Нови цени на горивата

Нови цени на горивата

Пред речиси две недели, Регулаторна комисија за енергетика донесе одлука со која цените на бензините поевтинија за денар.

По одлуката од 26.06.2018 година малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 71,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 73,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 63,5 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 52 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС по Одлуката од 26.06.2018 година изнесува 33,695 ден/кг.

Во текот на изминатиов период цената на суровата нафта на во светски рамки се повеќе се зголемува и достигна цена од 77,5 долари за барел. Ваквото поскапување гарантира зголемување на цените на бензините во Македонија, па поради тоа се очекува со утрешната одлука на Регулаторна цените да се зголемат за нешто над 2 денари.