Економија 20.08.2018 15:48

Новите банкноти од 100 и 200 евра ќе бидат претставени следниот месец

Новите банкноти од 100 и 200 евра ќе бидат претставени следниот месец

Европската централна банка на 17 септември ќе претстави нови банкноти од 100 и 200 евра, со што ќе заврши со измените кај сите банкноти.

Нов изглед имаат банкнотите од пет, десет и дваесет евра, додека повеќе не се печати банкнотата од 500 евра.

Новите пари од 100 и 200 евра ќе бидат пуштени во оптег, во првата половина следната година.

ЕЦБ забележа дека со објавувањето на крајот на производството на банкнотата од 500 евра дојде до нагло зголемување на барањето за банкноти од 100 и 200 евра од страна на европските претпријатија и домаќинства.