Откако порталот КУРИР објави за поплавата на булевар „Илинденска“, се огласија и од Град Скопје на Фејсбук.
-Ве известуваме дека на булевар „Илинден“ во близина на ПроКредит Банка и Сити Мол, има голем дефект, пукната е водоводна цевка F400. Екипите на ЈП „Водовод и канализација“ веќе се на терен и започнаа со санирање на дефектот, велат од Градот.