Да бидете надредени значи да бидете пример за другите. Истовремено, тоа што сте надредени не значи дека може да барате што ќе посакате од своите вработени. Немојте да го правите следново:
1. Не ги терајте да се дружат со своите колеги во слободно време
Секој пат кога вашите вработени ќе поминат време со своите колеги, тоа значи дека сеуште се на работа.
Освен тоа, постојат луѓе кои не сакаат да се дружат со своите колеги после работното време. Тоа е нивно право, освен ако не ги натерате на спротивното.
2. Не задавајте задача која е веќе доверена на некој друг
Му ја зададовте задачата на Петар, но тој не ја изработил. Не ја давајте на друг работата, туку ставете го Петар во ред.
3. Не барајте од вработените сами да се оценат
Самопроценката е секогаш губење на време. Ако сакате квалитетна повратна информација од своите вработени, прашајте ги што можете да направите вие како работодавец, за да ја развијат својата кариера и вештини.
4. Не барајте од нив да ја оценат работата на секој колега
Дури и ако тоа го направите да биде анонимно, луѓето секогаш дознаваат кој што кажал за нив. Вложете дел од себе, обрнете внимание на оние кои работат за вас и сами дознајте за нивните квалитети или маани.
5. Не откривајте лични информации на деловниот состанок
Можеби сметате дека личните информации ќе ве зближат, но секој има право на приватност. Освен тоа постојат луѓе кои не се заинтересирани за туѓата приватност. Луѓето не мора да знаат приватни информации едни за други за да можат заедно да работат.
6. Немојте да барате од вработените да ве предупредуваат
Немојте да барате од своите вработени да ве предупредуваат ако во нешто сте претерале или едноставно сте погрешиле. Тие не се ваши ментори. Тоа за нив не е пријатна ситуација.
7. Не барајте работници кои ќе ги вршат вашите задачи
Барате од нив да работат прекувремено, а вие си одите од работа кога сакате? На вработените им е важна работата исто колку и на вас. Затоа, ако сметате дека премалку работат, не почитуваат рокови – тоа не е случајно: имаат пример, а тоа сте вие.