Актуелно 25.08.2018 18:38

„Одлуката за рефередумот е одлука со која идните генерации треба да живеат, тоа не може да е ничија лична желба“

„Одлуката за рефередумот е одлука со која идните генерации треба да живеат, тоа не може да е ничија лична желба“

Не станува збор тука дали сакаме или не сакаме. Ова не е желба на Христијан, Зоран или некој друг. Ова е одлука која што граѓаните на Република Македонија и идните генерации ќе треба да живеат со таа одлука. Затоа во принцип верувам во темелен и чесен пристап, принципиелен и искрен. Тоа го кажавме многу пати во минатото, еве и сега ќе го повторам така што тука не станува збор дали сака Христијан или не сака Христијан, напротив иднината на оваа држава ја гледам богат економски просперитетна држава, држава на среќни граѓани и како така политички дејствуваме во Република Македонија. Секое избрзано елитистичко носење одлуки во канцеларија, во затворен круг на двајца тројца има понатаму неизвесна судбина, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за вестите на телевизија Телма.

Мицкоски нагласи дека промовира еден нов пристап, нарекувајќи го политички волонтеризам.

-Промовираме еден нов пристап. Пристап на политички волонтеризам а всушност за вака погрешен текст на капитулантското дело и не е така тешко да најдете волонтери кои што ќе шетаат ширум Македонија и на нивните сограѓани ќе им ја претстават содржината на ова капитулантско дело на владата на СДСМ И Зоран Заев. Така што можам да ви кажам дека се промовираме еден нов начин на водење на политика кој што понатаму ВМРО-ДПМНЕ кога ќе биде политичка партија која што ќе ја предводи владата на Република Македонија и ќе го практикува на дело таканаречениот политички волонтеризам, изјави Мицкоски.

Претседателот Мицкоски, додаде дека ВМРО-ДПМНЕ е народна партија која својот легитимитет го црпи од народт, објаснувајќи дека преку акцијата Лето за Македонија, каде што веќе 50.000 семејства се посетиле ширум Македонија, а се со цел да може секој граѓанин да го каже својот личен став, како би можело партијата да слушне што поголем дел на различни мислења.

-Многу пати во минатото дадов изјава дека ВМРО-ДПМНЕ е народна партија, дека легитимитетот го црпи од народот. Во тие средби со граѓаните наидуваме на различни мислења, различни консултации. Преку 50.000 семејства се веќе посетени ширум Македонија. Официјалниот старт на кампањата е некаде околу 10 септември и ВМРО-ДПМНЕ благовремено ќе ја информира јавноста кој ќе биде конечниот став на партијата.