Актуелно 27.03.2019 14:50

Основачите на партијата со поддршка за Мицкоски: Тој со ставови на државник и патриот, антидржавникот Заев во одбрана на Грција

Основачите на партијата со поддршка за Мицкоски: Тој со ставови на државник и патриот, антидржавникот Заев во одбрана на Грција

Мицкоски со ставови на државник и патриот, а Заев во одбрана на грчките интереси. Вака основачите на ВМРО-ДПМНЕ го коментираат синоќешниот ТВ дуел меѓу Христијан Мицкоски и Зоран Заев.

Ламбе Арнаудов, Мане Јаковлевски и Иван Соколов во своите анализи за вчерашните настапи на лидерите на двете најголеми партии.

Ламбе Арнаудов вели дека на вчерашниот ТВ дуел Мицкоски покажал патриотски чувства како Македонец, а Заев ги бранел интересите на Грција.

-Судбината на македонскиот народ е тешка и претешка. Меѓутоа, Македонецот сам избира како ќе оди-дали исправен, горд, честит или ќе се свитка, ќе лази или ќе оди по патот на историјата. Синоќа беме сведоци на дуел на еден благороден човек, патриот, кој што ги има сублимирано сите историски личности во себе и ја има дефиницијата на нивните најдобри патриотски чувства собрани во себе, тоа е господинот Мицкоски кој потврди дека е бедем на македонската држава и народ, а од друга страна го имавме премиерот не на Република Македонија, туку на Република Грција. Низ неговиот разговор почувствувавме дека тој повеќе се грижи за судбината на Грција и грчкиот народ и нивните интереси, отколку за Македонците, истакнта Арнаудов во изјава за КУРИР.

„Христијан Мицкоски на вчерашниот настап покажа сериозна надмоќност над Заев и со факти и аргументи ги разобличи неговите лаги“-ова е ставот на Мане Јаковлевски.

– Се покажа дека стои цврсто зад државните и национални интереси, а Заев целосно се “разголи”.  Тој беше матиран кога се обелоденија фирмите на неговото семејство во Бугарија за кои најпрво тврдеше дека не ги знае, а подоцна го покажа спротивното. Македонскиот народ мора да се обедини за да се спаси од Заевистичкото зло. За таа цел потребно е на луѓето што се заблудени поради простотилок и незнаење, како и на оние кои поради лошотија и расипаност ја подржуваат сегашната власт да им се објасни кон каде злото на Заевистите ја турка земјата. Всушност на овие луѓе мора да им се прости и тие мора да се привлечат за македонската кауза, пред сегашната власт тотално да ја уништи македонската куќа. Штетата која ја нанесе оваа владина гарнитура е ненадоместлива од секој аспект од државниот систем, едноставно државата се распаѓа. Затоа ова лудило ќе запре со победата на ВМРО-ДПМНЕ на претстојните претседателски избори, а веднаш потоа и на предвремените парламентарни избори, истакна Јаковлевски во изјава за КУРИР.

По синоќешниот ТВ дуел, со свој коментар се огласи и Иван Соколов.

-Синоќешниот дуел помеѓу Мицкоски и Заев заврши очекувано со еден и единствен заклучок. Дебата помеѓу државник со силна грижа за својата татковина Македонија и својот македонски народ и џамбаз кој без тронка грижа на совест се обидува да одбрани нешто што не се брани. А како може човек да одбрани една гомила на антинационални и антидржавни постапки кои Зоран Заев ни ги приредува две години без прекин. Мицкоски покажа дека е човек кој кога ќе застане на чело на државата ќе биде браник за татковината, човек што ќе го цени минатото, ќе работи за иднината и ќе работи исклучиво согласно закон и никако поинаку. Македонија има потреба од лидер кој знае во која насока треба да ја движи земјата за доброто на нејзините граѓани, Христијан Мицкоски е таков лидер, анализира тој.