Економија 15.05.2018 12:57

Освен градежништвото тоне и металургијата – производството на метали во драстичен пад

Освен градежништвото тоне и металургијата – производството на метали во драстичен пад

еталургијата продолжува да тоне. Производството на метали претрпе драстичен пад од 18.4% само во првите три месеци од годинава. Состојбата е уште позагрижувачка бидејќи лани имаше намалување на производството од 15%.

Металургијата продолжува да тоне. Производството на метали претрпе драстичен пад од 18.4% само во првите три месеци од годинава. Состојбата е уште позагрижувачка бидејќи лани имаше намалување на производството од 15%. Неработењето на Југохром и отворањето стечај на Фени си го направија своето. Останатите металуршки капацитети мака мачат со застарената технологија. Од Здружението на металурзи велат дека комбинатите треба активно да ги воведуваат најновите научни достигнувања, што не е случај во Македонија пишува Алфа.

За неколку години металуршките капацитети ќе останат без работници. Овој сектор се соочува со сериозен недостаток на кадар. Од технолошко -металуршките факултети, иако во премал број, сепак излегуваат квалитетни кадри, но компаниите едвај можат да најдат општи работници. И покрај тоа што примањата се близу до просечната плата во земјава, во моментов просечната возраст на работниците надминува 53 години.

Моменталните глобални цени на металите им одат во прилог на металуршките капацитети кои треба да го искористат овој тренд за да го зголемат производството и извозот во странство. Само во првите три месеци од годинава извозот останал на истото ниво како и  лани во истиот период од 187 милиони долари. Според  последните проекции на Народната Банка, се очекува цените на металите да растат до крајот на годинава, по што ќе следува пад во 2019-та година.

Состојбата во економијата е алармантна, смао пред некој ден излегоа информации дека и градежништвото е во пад од 45,1 % споредено со минатата година соред информациите од ДЗС односно Државниот завод за статистика. Експертите велат дека при ваква состојба кога главните носечки индустии како металушката и градежништвото кои дирекнто учествуваат во градењето на Бруто домашниот производ паѓаат состојбата во економијата станува се позагрижувачка. Од кога дојде на власт владата на СДСМ голем дел од компаниите кризираат и тоа оние кои се носечки на македонската економија.