Компании 27.11.2018 18:29

Епл повеќе не е компанија со најголема вредност

Епл повеќе не е компанија со најголема вредност

Најголемиот светски произведувач на софтвер, „Мајкрософт“, по неколку години ја турна компанијата „Епл“ од првото место на листата на компании со најголема пазарна вредност.

„Мајкрософт“ во последно време постигнува одлични финансиски резултати, а со падот на вредноста на акциите на „Епл“, компанијата сега се искачи на првото место како компанија со најголема вредност во светот.

„Епл“ е првата компанија чија што вредност надмина илјада милијарди долари.

Цената на акциите на компанијата „Епл“ претходно изнесуваше 207 долари, а потоа скокнаа на 231 долар. Сепак, овогодишниот „Ајфон“ не ја доживеа очекуваната популарност во јавноста.

Вредноста на акциите на „Епл“ неделава паднаа на 172 долари, што значи дека вкупната вредност на компанијата забележала пад на нешто помалку од 750 милијарди долари.

Компанијата „Мајкрософт“, која во последно време бележи многу добри резултати, сега вреди 753 милијарди долари.