Економија 06.08.2018 09:11

Ова е директорот на БЈБ, што си ја прати ќерката со службено возило на летување

Ова е директорот на БЈБ, што си ја прати ќерката со службено возило на летување

Додека Министрството за внатрешни работи го истражува случајот за користење на службено возило во приватни цели, порталот „НетПрес“ од свои извори дознава дека со лускузниот теренец „Ренџ Ровер Дискавери Спорт” во Грција во моментов на летување е ќерката на висок полициски фунцкионер со нејзините другарки.

Како што пишува порталот „Лидер“ станува збор за ќерката на директорот на Бирото за јавна безедност (БЈБ), Лазо Велковски, која што заедно со уште четири девојки со службеното возило коешто го должи таткото летува во кампот „Евридики“.

Изворите, исто така, наведуваат дека поседуваат фотографии, како и дека можно е џипот да го управувал службен возач од министерството, но и дека девојките можеби самите се возеле до Грција.

Вчера порталот „НетПрес“ испратил прашања до МВР и меѓу нив било и прашањето дали смее член на семејство на вработен во МВР кој е задолжен со службено возило да го управува истото? Од министерството одговориле дека „Возилото (…) е сопственост на МВР, и е возено од службено лице вработено во министерството“, но не и каде во моментов се наоѓа џипот и кој во моментов се служи со него.

Одговрено, исто така, било дека за користењето на службеното возило ќе бидат известени соодведните органи во структурата на министерството коишто ќе го истражат случајот.

Оттаму, се поставува прашањето како е можно МВР да не знае каде во моментов се наоѓа неговото службено возило и кој го должи, особено што станува збор, според нашите извори за еден од највисоките по ранг полициски функционери. Така, утре, недај боже, некој ќе се осмели за приватни цели да си „позајми“ оклопно возило од ресурсите на полицијата, пишува НетПрес.