Мозаик 12.10.2018 16:40

Ова се најздравите овошја и се достапни преку цела година

Ова се најздравите овошја и се достапни преку цела година

Иако сите овошја се здрави, одделни се консумираат само во текот на сезоната. Дознајте кое овошје е полно со нутриенти, а е достапно во текот на целата година.

Смрзнати малини – истражувањата покажаа дека го намалуваат ризикот од срцев удар, Алцхајмерова болест, дебелина, дијабетес, и дека содржат голема количина на антиоксиданси. Иако сезоната им е кратка, цела година ви се на располагање смрзнатите малини, кои според тврдењата на научниците, во тој облик имаат повеќе антиоксиданси.

Јаболки – доколку се консумира барем едно дневно, јаболката влијаат на намалување на ризикот од рак на бубрезите, дебелото црево, јајниците и градите.

Портокали – полни се со влакна, витамин Ц и се одличен сојузник против воспаленијата.

Лимон – имаат многу благотворно дејство на организмот, а можете да ги консумирате наутро така што во чаша млака вода ќе сипете лимонов сок, или во текот на денот, во чаеви, супи. Лимонот е полн со електролити, па е многу корисно да пиете лимоната пред и после вежбањето.

Сушени кајсии – исклучително се богати со нутриенти, особено со витаминот А кој ги штити очите и репродуктивните органи и го зајакнува имунитетот. Одлично се согласуваат со многу намирници, како житарки и млечни производи, па претставуваат одлична замена за десертот.

Банани – Консумирајте секој ден по половина банана, особено ако чувствувате дека ви е потребна енергија. Смрзнатите се одлична замена за сладолед, а можете да ги додадете и во овошната салата, шејк или смути.