Мозаик 15.10.2018 23:38

Сите го имаме дома, а не сме знаеле дека е многу здраво да го консумираме

Сите го имаме дома, а не сме знаеле дека е многу здраво да го консумираме

Стана многу модерно да се пие какао со мали пенести бомбици кои пливаат по површината на овој здрав пијалак. Ако нив не можете да ги набавите, својата шолја какао збогатете ја со крем шлаг. Или испијте ја чиста, без ништо.

Шолјата топло какао нека ви стане дневна навика. Вашиот организам ќе ви биде благодарен.

Какаото е познато како билка која го чува организмот од слободни радикали, го намалува стресот и депресијата, штити од срцеви болести и крвни садови, како и од многу видови рак.

Одличен извор е на железо, а покрај тоа го регулира нивото на шеќер и холестерол во телото.

Топлиот напиток од детството треба да продолжиме да го пиеме понатаму во животот. Една шолја топло какао ќе го подобри вашето расположение.

Исто така, какаото ќе ја подобри вашата концентрација.

Овој пијалок е добар за коските, но освен за нив какаото се смета и како чувар на крвните садови. Едно истражување покажало дека со секојдневно консумирање на овој пијалок се прочистуваат крвните садови, а со тоа се спречуваат многу срцеви заболувања.

Какаото е одговорно за транспортот на холестеролот од ѕидовите на артериите во црниот дроб, каде преку жолчката го исфрла надвор од телото.

Научниците препорачуваат секој ден да се внесуваат барем по 20 грама какао за да се заштитиме од инфаркт.

Сите го имаме дома, а до сега не сме знаеле дека е толку многу здраво.