Економија 20.12.2018 21:04

Ова се условите потребни за вселување на квалификувана работна сила во Германија

Ова се условите потребни за вселување на квалификувана работна сила во Германија

Работници од целиот Балкан нетрпеливо чекаа усвојување на новиот закон за вселување на квалификувана работна сила во Германија.

Министерот за внатрешни работи на Германија, Хорст Зехофер и министерот за економија и работа, Петар Алтмајер соопштија за што всушност станува збор.

Германското земјоделство трпи голема загуба од квалификувана работна сила. Енормна е бројката на работни места кои се непополнети, бидејќи луѓето со месеци чекаат да добијат дозвола за работа во Германија.

Сите кои мислеа дека за работа во Германија ќе им требаат само пасош и билет во еден правец сериозно грешат.  Она што ја олеснува целата ситуација е тоа што процесот за добивање виза во амбасадите ќе биде поедноставен.

Работна дозвола и виза ќе добиваат само квалификувани работници, а поставени се опдредени критериуми кои нема да се заобиколат.

Еден од главните услови, покрај квалификацијата е познавање германски јазик, поради полесна адаптација и друштво, а тоа не смее да биде под ниво А2. Овозможено е задржување во Германија поради пронаоѓање работа, а ќе биде овозможено и школување, таму каде што е потребно, поради различноста во образовниот систем на Германија и земјите надвор од ЕУ.

Потребно е работно искуство од 18 месеци и потврда за немање направено кривично дело, како и јасна потврда на идентитетот.

За добивање дозвола за постојан престој ќе бидат потребни 30 месеци работа во Германија.