Живот 04.07.2018 12:00

Оваа година цените во Грција се дижат вака

Оваа година цените во Грција се дижат вака

За сите кои решија ова лето да го поминат на плажите во Грција и да уживаат во водата, плажите и сонцето, ова се цените на производите таму, според пишувањето на Грчкаинфо.
Лебот се движи до 1 евро и 20, додека млекото од евро до 2.50.
Литар масло е од 1.6 до 1.9 евра, додека тестенините се евро до две, а јогуртот од 2-4 евра.
Фета сирењето е околу 5 евра.
Кашкавалот се движи од 3 до 4 евра, саламата од 7 до 16 во зависност од производот.
Мајонез е 3-4 евра, сенф 1-2, додека кечап 2-4 евра.
Цените на гирото се од 2 до 4 евра, сувлаки од 2 до 2.50, пица од 5 до 12.
Рибата во зависност од висот е од 6 до 60 евра.
Пивото е 3 – 4 50 евра, а коктелите од 7 до 10 евра.
Флаширана вода е од 0.50 до 1 евро.