Разрешувањето на дел од членовите на ВМРО-ДПМНЕ е поздравено од партиското челнство, но и од познавачите на состојбите.
Политичкиот аналитичар Александар Пандов, оваа одлука ја оцени како историска.
-ВМРО-ДПМНЕ со тие ликови кои што сега се разрешени или исклучени, низа период во минатото претставуваа бреме за самата партија, како во времето додека работеа, но она што е највпечатливо е тоа пред референдумот и после референдумски, изјави Пандов кој присуствуваше на прославата по повод Денот на македонската револуционерна борба во Македонскиот народен театар.