Актуелно 23.10.2018 23:30

Пандов: Историска е одлуката за разрешување или исклучување на членовите од ВМРО-ДПМНЕ, тие претставуваа бреме за партијата

Пандов: Историска е одлуката за разрешување или исклучување на членовите од ВМРО-ДПМНЕ, тие претставуваа бреме за партијата

Разрешувањето на дел од членовите на ВМРО-ДПМНЕ е поздравено од партиското челнство, но и од познавачите на состојбите.

Политичкиот аналитичар Александар Пандов, оваа одлука ја оцени како историска.

-ВМРО-ДПМНЕ со тие ликови кои што сега се разрешени или исклучени, низа период во минатото претставуваа бреме за самата партија, како во времето додека работеа, но она што е највпечатливо е тоа пред референдумот и после референдумски, изјави Пандов кој присуствуваше на прославата по повод Денот на македонската револуционерна борба во Македонскиот народен театар.