КОМИТИ како навивачка група на спортскиот клуб Вардар, се меѓу највредните македонски брендови кои не само во Македонија, туку на балканските простори, а и пошироко, истите за секого на прва се асоцијација за Македонци и Македонија! Затоа никого не треба да го чуди тоа што оваа предавничка хунта тргната е да се пресметува со нив, дури и со физички ликвидации!-напиша на својот Фејсбук профил, Александар Пандов.
„Последниот удар кон Комити дојде вчера од Заев, кој излезе со тврдење дека има сигурни докази дека биле плаќање со руски долари (од 13.000 до 21.000) од страна на грчки бизнисмен, за комитите да правеле насилни протести пред собрание, исто како во Црна Гора де! Тоа го тврди од искази на уапсените комити!
Јас присуствував на сите протести на кои повикаа Комити пред собрание, вклучувајќи го и вчерашниот протестен марш во чест на убиениот млад Комита и Македонец, Никола Саздовски Саздо. И точно е дека исто како на протестите, така и синоќа имаше луѓе кои работеле, а верувам дел од нив и ден денес работат за одредени служби, но тие Заев не се Комити. Тие се полициско-политички профитери, кој ти Заев требаш јасно да ги посочиш со прст, а не да плукаш по Комити. Или тоа не можеш да го направиш пошто тие, ”Русите”, одработуват за тебе? Како доказ дека повторно лажеш и подметнуваш, појди на мојот ФБ профил на протестот на Комити на 23.06.2018 и погледнете ја мојата слика од пред собранието на Република Македонија. Јас зајко за кого одработувам, чив платеник сум?“, додаде Пандов.