Економија 03.05.2018 10:31

Пензионерите имаат изневерени очекувања, нема повисоки пензии

Пензионерите имаат изневерени очекувања, нема повисоки пензии

Имаа ветувања дека ќе ги зголемат пензиите, разни привилегии за пензионерите, но за жал една година подоцна може да кажеме не само што ветувањата не се реализираа туку напротив оние стекнати привилегии што пензионерите ги имаа се уназадија, дел од тие привилегии се укинаа, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во неговото гостување во утринската програма на Сител телевизија.

-Станува збор за една тешка ситуација и за тоа сведочат многу мои средби кои што ги имам на дневна основа со пензионерите  ширум Република Македонија.  Моменталната ситуација е изневерени очекувања и празни ветувања, вели Мицкоски.

Тој додаде дека периодов гледаме сериозна намера за зголемување на старосната граница за одење во пензија која што е уште едно од оние неветувања, односно работи кои не ги ветија, но претставуваат негативен шок за пензионерите.

– Имаме предлог за зголемување на старосната граница за пензионирање, така што негативните шокови кои што им ги приредува оваа влада на пензионерите за жал не им овозможува мирен пензионерски живот, односно во периодот од  животот кога навистина треба да се одморат и да се растеретат од проблемите кои што ги имале во нивниот работоспособен век, истакна Мицкоски.

Tој нагласи дека пензионерите треба да го добијат она што го заслужуваат и затоа ВМРО-ДПМНЕ работи на најголемата и најквалитетно опфатната програма на самата партија и ќе излезе со понуда која ќе биде достојна за пензионерите во Република Македонија и ќе ги акцентира нивните потреби