Актуелно 08.07.2018 14:49

Првите две момчиња безбедно извлечени од пештерата во Тајланд

Првите две момчиња безбедно извлечени од пештерата во Тајланд

Првите две деца, од групата на 12 момчиња и нивниот фудбалски тренер заробени во пештерата во Тајланд, безбедно се извлечени на површината, изјавил службеник од спасувачките операции за Ројтерс. Момчињата беа заробени 16 дена во пештерскиот комплекс исполнет со вода поради обилните врнежи.

„  Двете деца  моментов се наоѓаат  во адаптираната болница во близина на пештерата.изјави  шефот на здравствените служби во провинцијата .

Со секое дете има по двајца нуркачи кои се поврзани со јаже. Останатите треба да бидат извлечени во групи, а во последната ќе биде тренерот.

Тајландската влада објави дека ова е најсигурниот начин за спасување на заробените во пештерата, но не ја исклучија можноста дека сепак станува збор за опасна мисија, па од децата било побарано да не паничат и бидат физички и психички спремни.