Актуелно 06.10.2018 13:19

Пешевска: СДСМ е казнета во општина Гази Баба и тој тренд на опаѓање на поддршката ќе продолжи

Пешевска: СДСМ е казнета во општина Гази Баба и тој тренд на опаѓање на поддршката ќе продолжи

Граѓаните на општина Гази Баба на 30-ти септември испратија јасна и недвосмислена порака до власта на Социјадемократскиот сојуз, дека го одбиваат и не го одобруваат Договорот од Преспа кој е крајно штетен по македонските национални интереси и кој требаше да биде вовед во неизвесна иднина за државата. Огромното мнозинство граѓани покажа одлучност како суверен кој исклучиво го има правото да решава за судбоносни прашања, истакна Жаклина Пешевска, пратеник во Собранието на Република Македонија.

-Нашата општина се наоѓа во целосна стагнација откако Борче Георгиевски и СДСМ го презедоа водењето на локалната самоуправа минатата година. Ветените проекти се само слово на хартија, предизборна измама и манипулација. СДСМ и Борче Георгиевски ги игнорираат проблемите на жителите, немаат никаков контакт и слух за нивните реални потреби и проблеми. Токму затоа, резултатите од референдумот во нашата општина покажаа дека СДСМ изгуби над 1.500 гласа. На локалните избори освоија приближно 17.600 гласови, а на референдумот ЗА гласаа околу 16.070 гласачи, рече Пешевска и додаде:

„СДСМ е казнета во општина Гази Баба и тој тренд на опаѓање на поддршката ќе продолжи. Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Гази Баба се заблагодарува за покажаната демократска свест и ја поздравува зрелоста и одлуката на граѓаните во поглед на историското значење на овој референдум за нашата иднина и иднината на нашите деца. Македонија чекори храбро“.