Актуелно 09.09.2018 15:12

Петре Шилегов пушти во употреба булевар изграден од ВМРО-ДПМНЕ, реагираат од партијата

Петре Шилегов пушти во употреба булевар изграден од ВМРО-ДПМНЕ, реагираат од партијата

Денес Петре Шилегов пушти во употреба булевар изграден од ВМРО-ДПМНЕ. Булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ е проект кој е започнат во период кога со Град Скопје управуваше Коце Трајановски. Дури 90% од булеварот се изградени од претходникот на Шилегов, а Шилегов цели 11 месеци не може да ги заврши преостанатите 10%, реагираат од партијата.

-И кога ќе изјави Шилегов дека не знае што се правело во минатото во Скопје, очигледно тоа е само за камерите, а не му пречи да присвојува туѓи проекти. Шилегов е неспособен да заврши нешто што е речиси завршено и изостава недовршен мал дел поради пречки во градбата на овој булевар, како далновод за кој е изготвена документација, и водоводна цевка за која има изготвено решение. Овие два проблеми се решени и не постои изговор за да не се доврши преостанатиот мал дел од булеварот. Граѓаните се осудени да ја трпат неспособноста на Петре Шилегов. Жителите од Бутел, Радишани и околните места кои гравитираат таму се приморани да трпат голем сообраќаен метеж и долги колони на возила. Шилегов наследи изготвено сообраќајно решение за улицата Боца Иванова која се поврзува со кружниот тек кај бул. Х.Т. Карпош, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека сообраќајниот хаос наместо да е предизвикан од градежна механизација, беше предизвикан од Петре Шилегов и неговото неработење.

Најнови вести