Економија 30.07.2018 14:38

Пилот-проектот со две општини за поврат на ДДВ кај граѓаните засега само најава

Пилот-проектот со две општини за поврат на ДДВ кај граѓаните засега само најава

Пилот-проектот за поврат на 15 отсто ДДВ кај граѓаните кој требаше овој период да се „тестира“ кај граѓаните, засега останува само како најава кај надлежните, додека на терен нема индиции дека нешто се подготвува.

Стартот на „пробата“ на овој предизборен проект ветен од страна на Владата на РМ требаше да започне по изминување на првата половина од 2018-та, но засега не е видливо дека нешто се работи на терен.

„Засега нема никакво поместување во таа насока. Кога ќе има детали ќе бидат обелоденети, велат од Министерството за финансии на прашањето од „Фактор“ барем дали се одбрани двете општини каде што ќе се спроведува пробниот проект.