Во поголемите и понезависни земји со постабилен пазар на труд вообичаено е платите на програмерите отскокнуваат во однос на просекот, но не со толкав огромен скок како што е Македонија, каде што за прв пат работниците во оваа дејност достигнаа доход од 1.000 евра.
Просечната плата во Македонија изнесува 24.072 денари и разликата е повеќе од двојно поголема. Може да се каже дека таа е уште поголема ако се земат само изработувачите на софтвери, односно класичните програмери, бидејќи во пресметката на нето-платата се вклучени помалку платени сродни дејности како ИТ-администраторите.
Таков не е случајот, на пример, во Хрватска, Русија, Британија, САД….