Живот 30.01.2019 01:48

Плавуши или бринети? Какви жени преферираат денешните модерни мажи?

Плавуши или бринети? Какви жени преферираат денешните модерни мажи?

Вечната дилема околу тоа какви жени повеќе сакаат мажите се поставува и во денешно време. Затоа, низ годините редовно се спроведуваат истражувања кои следат како се менуваат вкусовите на генерациите, а најновото им оди во прилог на жените со светла коса.

Истражувањето кое го спроведе Универзитетот Аугсбург во Минесота и кое е објавено во магазинот The Journal of Social Psychology, открива дека за модерните мажи во денешно време најпривлечни се плавушите.

Резултатите откриваат дека повеќето мажи преферираат плавуши од причина што им изгледаат помладо и поздраво од жените со темна коса. Од друга страна, плавушите ги оцениле и како попромискуитетни од црнките и бринетите, што не е баш добра работа, но резултатите од истражувањето покажуваат дека токму оваа работа на плавушите им ги зголемува шансите некој да ги покани на состанок.

Сепак, кога се работи за брак, резултатите им одат во прилог на бринетите.